дома Свет САД: Деветмина ранети во пукотница во Тусон, Аризона

САД: Деветмина ранети во пукотница во Тусон, Аризона

Десет лица се ранети во масовно пукање што избувна рано во неделата во прометна деловна област во близина на центарот на Тусон, Аризона, вклучувајќи го и осомничениот, соопшти локалната полиција.

 .

Полициски службеници на редовна пешачка патрола се упатиле кон местото на пукањето околу 2 часот наутро по локално време и се сретнале со осомничениот, на кого му дале неколку предупредувања пред да го застрелаат, изјави портпаролот на полициската управа во Тусон, Френк Магос, пренесува Ројтерс.
Полициските службеници му пружиле прва помош на осомничениот вооружен напаѓач, по што бил префрлен во локална болница со повреди опасни по живот, изјави Магос на брифинг за медиумите.
„Други девет лица се ранети, очигледно пред да пристигне полицијата, и тие биле однесени во болници во критична состојба со прострелни рани на екстремитетите“, рече Магоси, додавајќи дека сите жртви се возрасни и дека нема повредени меѓу полицајците, додаде тој.

ПредходнаВИДЕО Индијците наречени „лебарки“ маршираат кон парламентот
СледнаШпанските пожарникари се борат да го стават под контрола шумскиот пожар во близина на Мадрид