дома Македонија Обвинителството бара притвор за осомничените во Гостивар

Обвинителството бара притвор за осомничените во Гостивар

Обвинителството бара притвор за тројцата осомничени од гостиварски „Комуналец“, а не е исклучено истрагата да биде проширена и на други лица.
Притвор се бара за в.д. директорката на Комуналец, Артана Асани, за раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути и техничкиот директор на јавното претпријатие „Комуналец“-Гостивар, Леон Мезини кои денеска се изведени пред судија.
Тројцата се сомничат за тешки дела против животната средина предизвикани со загадување на водата за пиење.
Од Обвинителството на денешниот брифинг во Гостивар рекоа дека казните за ова кривично дело се миниум четири години затвор.
Надлежен обвинител во истрагата е Хазби Исени од ОЈО Гостивар.

ПредходнаКолегиум: Ден пред институциите да земат примероци, гостиварски Комуналец распишал тендери за хлор и вонредна анализа на водата
Следна30 дена кризна состојба во Гостивар