дома Локално ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции сè...

ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции сè уште траат на три локации

Повеќе пожари на отворен простор беа пријавени во Скопскиот регион до 20 часот, при што горела претежно сува и ниска вегетација, како и овоштарник, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

По сите пријави веднаш интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а благодарение на навремената реакција најголемиот дел од пожарите се ставени под контрола или целосно се изгаснати.

-Благодарение на навремената реакција на терен, пожарите на следните локации се веќе ставени под контрола или целосно изгаснати. Волково (ул. 22, општина Ѓорче Петров); Кучевишка Бара (општина Чучер Сандево); Катланово; Кадино – патот кон Ајватовци (општина Илинден); Лисиче (кај Чатал); Бунарџик (општина Илинден); Катлановска Сушица;
Добри Дол – Терминал (општина Сопиште). Во тек е интервенција на следните локации: атарот на с. Блаце – Катланово (општина Петровец); влезот во с. Сушица (општина Петровец), каде гори овоштарник; с. Страхојадица (општина Зелениково), каде гори сува трева – информираа од ЦУК.

ПредходнаСубрата Рој е минато, не може еден лош пример да ја оцрни цела деловна заедница – вели индискиот амбасадор
СледнаМакедонски системски пропусти за загрозување на здравјето и влијание врз целите на ЕУ