Осум лица побарале лекарска помош по невремето што го зафати Скопје, јавува Прес24.
Според информациите на порталот, четири лица се на Ургентен, а четворица во Старата градска болница.
Меѓу повредените е и повозрасна жена од Џон Кенеди на која и паднало дрво врз глава, а еден граѓанин до посетокина на челото сам отишол во 8-ми Септември.




