дома Локално Македонија со околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри

Македонија со околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри

 

На еден месец до почетокот на XX Медитерански игри – Таранто 2026, подготовките на македонската делегација се во полн ек. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти од медитеранските земји.

Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 учесници. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во 19 спортови, што претставува значаен исчекор и уште една потврда за развојот на македонскиот спорт и континуираното присуство на меѓународната спортска сцена.

Особено значајно е што македонската делегација ќе биде претставена и во четири екипни спортови – женската одбојкарска репрезентација, женската ракометна репрезентација, машката фудбалска репрезентација и машката репрезентација во баскет 3х3. Ваквото учество дополнително ја потврдува посветеноста и развојот на македонскиот спорт и претставува силен мотив за сите спортисти кои ќе ја претставуваат државата во Таранто.

Во изминатиот период, спортистите интензивно работат на својата физичка и техничка подготовка, заедно со своите тренери и стручни тимови, со цел да бидат максимално подготвени за настапите што ги очекуваат. Медитеранските игри претставуваат можност за потврда на нивната посветеност, дисциплина и долгогодишна работа, но и за стекнување ново меѓународно искуство и остварување врвни резултати.

 

ПредходнаГлoбaлниoт нaфтeн пaт имa нoвa блoĸaдa и ниĸoj нe e пoдгoтвeн зa тoa
СледнаОпштина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди