дома Македонија Околу 30 граѓани повредени во вчерашното невреме

Околу 30 граѓани повредени во вчерашното невреме

Околу 30 граѓани побарале лекарска помош по вчерашното краткотрајно невреме во Скопје. Меѓу нив има и еден странски државјанин кој е повреден при пад на дрво.
        Во старата градска болница „Св. Наум Охридски“ лекарска помош им е укажана 22 пациенти, од кои двајца се задржани на болничко лекување, а на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) третирани се 11 лица, од кои тројца имаат посериозни скршеници.
Од двајцата пациенти кои се задржани на болничко лекување во „Св. Наум Охридски“, едниот е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во пределот на раката.
Во невремето причинета е материјална штета на здравствени установи. Министерот за здравство Сашо Клековски уверува дека се следат штетите на здравствените установи и по процената на осигурителните компании, ќе се пристапи кон обнова на покривните конструкции.

ПредходнаВетерот вчера бил оркански со брзина од 130 км/ч
СледнаАкциите на Ербас скокнаа за 7% по планот за откуп на акции и големото зголемување на профитот