По невремето што вчера зафати делови од државата за денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 27 до 33 степени.
Во Скопје, во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, до петок времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.




