дома Македонија До крајот на неделава техничка вода, до следната вода за пиење во...

До крајот на неделава техничка вода, до следната вода за пиење во Гостивар, ветува Мицкоски

До крајот на неделава гостиварци треба да добијат техничка вода, а до крајот на селдната недела и вода за пиење. Вакви се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски доколку се се одвива според предвидената динамика.
          – Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода што ќе има нормални граници на хлор и која ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење, рече Мицкоски.

ПредходнаСДСМ бара вонреден надзор на целиот водоснабдителен систем во државата
СледнаУгостителски објект од Охрид заработи кривична, точел алкохол на малолетник