До крајот на неделава гостиварци треба да добијат техничка вода, а до крајот на селдната недела и вода за пиење. Вакви се очекувањата на премиерот Христијан Мицкоски доколку се се одвива според предвидената динамика.
– Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски „Водовод“ и експерти, очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно миење на системот за да може да добиеме вода што ќе има нормални граници на хлор и која ќе биде добра за техничка употреба. Планот е кон крајот на идната недела таа вода да биде добра и за пиење, рече Мицкоски.




