Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на Фејсбук упати критики до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој одново гообјави видеото во кое на табла ја црта и објаснива преговарачката рамка, дека тој е последниот човек кој има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не во преговарачкиот процес.

Политичар кој не успеа да ја добие довербата ниту на своите најблиски сограѓани во Чаир, ниту на своите соседи, ниту на луѓето што најдобро го познаваат, навистина е последниот што треба да држи лекции за политички легитимитет – напиша Муцунски, додавајќи дека по таков пораз „многумина би покажале политичка одговорност и би се повлекле, наместо да продолжат да делат лекции“.
Министерот истакна дека ставот на актуелната Влада е непроменет од почетокот на нејзиниот мандат. За разлика од неговите спинови, позицијата на оваа Влада е јасна и непроменета од првиот ден. Повеќе од две години слушаме обвинувања дека ќе попуштиме, ќе се откажеме и ќе прифатиме сè што претходно било договорено. Наместо тоа, со дела покажавме доследност, принципиелност и јасна заштита на македонските национални интереси. Тоа денес е јасно и дома и кај нашите меѓународни партнери – наведува министерот.
Поранешниот министер Османи пак претходно на Фејсбук напиша дека четири години тврди дека протоколите не се дел од преговарачката рамка.
Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат – Протоколот не е дел од рамката – напиша Османи.




