Продолжува периодот на топло и стабилно време. За денес се најавува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од од 7 до 16, а дневните од 28 до 35 степени.

Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Во понеделник се очекува повремен локален дожд, наместа со услови за нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




