дома Македонија Три нови случаи на западно-нилска треска, пациентите хоспитализирани

Три нови случаи на западно-нилска треска, пациентите хоспитализирани

Три нови случаи на заразени од западно-нилска треска се регистрирани во земјава. Најголем дел од заразените се од Скопско поле.
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска информира дека двајца од новозапазените се хоспитализирани на Инфективната клиника, а еден на Клиниката за неврологија.
– Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести е дека надвор од случаите поврзани со Грција, има случаи кои дефинитивно не патувале надвор од државата и со место на живење на подрачјето на Скопско поле, рече Клековски.
Се преземаат стандардните епидемиолошки мерки – дезинфекција во радиус од 200 метри околу местото на живеење на потврдените случаи, што е обврска на Центарот за јавно здравје – Скопје.
На Комисијата за заразни болести е дали ќе донесе препораки за заштита со оглед на тоа што најголем дел од пациентите се на возраст околу 60 години.
– Тие што се симптоматски се повозрасна група, над 60 години и се поврзани со комобидитети. Комисијата за заразни болести работи постојано. Фокусот од Гостивар е префрлен на овие болести, изјави Клековски.

ПредходнаТри причини зошто новиот „Спајдермен“ може да биде поуспешен од „Одисеја“
СледнаСкопје би можелo да остане два и пол месеци без летови за Брисел