Собранието денеска со турбо агенда пред Илинден кога практично започнува и одморот на пратениците.
За денеска се закажани три пленарни седници, а на една од нив, пратениците треба да гласаат за предлогот за нов уставен судија.

Согласно предлогот доставен од Судскиот совет, на столчето во Уставниот суд треба да седне Мери Дика Георгиевска, судија во Апелациониот суд Скопје.
Дика Георгиевска има дипломирано на Правниот факултет во Скопје, а магистрирано на Универзитетот „Американ колеџ“. Има долгогодишна кариера посветена на
правото и правораздавањето, со вкупен работен стаж од 40 години и 3 месеци, судиски стаж од 29 години и 7 месеци, од кои 6 години како член на Судскиот совет.




