Чија е одговорноста што пола држава пие загадена вода, зошто резултатите од анализите за водата во Гсотивар не беа навремено објавени, праша лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче од собраниската говорница упатувајќи прашања до премиерот Христијан Мицкоски.
– Водата е загадена во пола држава- во Гостивар, Валандово,во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите, праша Филипче.
Забуна, како што посочи, содаваат различните изјави на претставниците на Владата за исправноста на водата во Гостивар.
Предупреди дека хиперхлорирањето на водата во Гостивар носи зголемен ризик од малигни заболувања.
– Не си играјте играчки, Дајте некој кој знае и кој ја разбира работата, кој има експертиза да се занимава со тоа, рече Филипче, додавајќи дека прво треба да се отстранат органиските соединенија, а потоа да се право хлорирање на водата.
– Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат. Не одговоривте на тоа што се случи со Лепенец и сливот на Вардар. Имено, бела пена ја замати водата на местото кадешто се наоѓаат бунарите кои го дополнуваат изворот во Рашче, посочи Филипче.
Мицкоски со одговор дека во времето кога министер за здравство бил Филипче водата била бактериолошки неисправна.
– Извештај од Центар за јавно здравје во Прилеп од 1 февруари 2019 година до 28 февруари 2019 година и се однесува на Прилеп, Крушево и Македонски Брод. Самиот извештај вели дека има неисправност на водата поради тоа што имаме бактериолошкиа неисправност и физичко-хемиска неисправност на примероците. Ништо не е преземено. Следниот извештај е од 1 март 2019 до 31 март 2019, повторно истите градови и повторно ништо не е преземено, рече Мицкоски.




