дома Македонија Пред одморите, последна седница посветена на пратенички прашања

Пред одморите, последна седница посветена на пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи последната седница пред одморите посветена на пратенички прашања.

Собрание

Вообичаено, секој последен четврток во месецот се одржува пленарна седница на која пратениците имаат можност да постават прашања до министрите и премиерот.

Вчера, Собранието работеше трубо – беа закажани три седници, а пратениците ја избраа Мери Дика Георгиевска за уставен судија и ги изгласаа двата закони за заеми кај Светска банка.

Вчерашниот ден помина и во бурна расправа за Предлог-законот за Скопје европска престолнина на културата поднесен од група пратеници по скратена постапка. Под притисок на јавноста законот беше тргнат од дневен ред, а според образложението на пратениците од власта, ќе се разгледува по одморите или кога ќе се создадат услови за тоа.

ПредходнаЧетврточен хороскоп: Два знака треба да внимаваат на исхраната денес 🥴
СледнаГерасимовски: Следува финансиска поддршка за оштетените по силното невреме