дома Локално Продолжува топлото време, од среда над 40 степени

Продолжува топлото време, од среда над 40 степени

За денеска се најавуваат дневни температури до 39-тиот степен. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20, а дневниите од 32 до 39 степени.

Во Скопје, утринската температури ќе биде до 18, а дневната до 36 степени.

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица ќе биде сончево и многу топло, а особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

ПредходнаВонредна дезинсекција против комарци во Драчево
СледнаПрекинато водоснабдување во делови од Центар