дома Македонија Ер-тракторот што беше на сервис повторно ставен во функција

Ер-тракторот што беше на сервис повторно ставен во функција

Ер-тракторот што беше на сервис, веќе е функционален и се враќа во употреба, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

– Сервисот на третиот ер трактор кој беше оштетен во невремето во Скопје, денес успешно е завршен, извршен е пробен лет, авионот е функционален и се враќа во употреба, изјави Ангелов.

Ер-тракторот беше оштетен од невремето што неодамна го зафати Скопје по што беше побарано од хрватската фирма најбрзо што може да испрати сервисери.

Од денеска во земјава е прогласена 30-дневна кризна состојба поради опасноста од пожари.

Центарот за управување со кризи информира дека денеска имало 15 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а девет се изгаснати.

ПредходнаВашингтон ги советува граѓаните на САД да размислат за напуштање на Блискиот Исток
СледнаНаучниците предлагаат алтернативни решенија за разладување