дома Македонија Малолетници се повредиле откако се превртеле со четирицикл

Малолетници се повредиле откако се превртеле со четирицикл

Двајца малолетници од гостиварско се повредени откако еден од нив на возраст од 14 години возел четирицикл и излетале од патот.

Случајот е пријавен во полиција вчера во 22:06 часот од страна на Медицинскиот центар во Гостивар каде биле донесени двете повредени малолетници.

– Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од с. Чегране, а како сопатник бил 13- годишник од с. Дебреше, излетал од патот. Двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар, информира денеска МВР.

Предходна(Видео) Бен Афлек освои милион долари во „Кој сака да биде милионер“, но последното прашање го измачи
СледнаБројот на невработени во Германија повторно надминува три милиони