дома Свет Балкан Се судрија хеликопери при гаснење на пожар во Грција

Се судрија хеликопери при гаснење на пожар во Грција

Два хеликоптера се судрија при гаснење на пожар во западниот дел на Атика. Во тек е акција за спасување на екипажите кои биле во хеликоптерите, јавија грчките медиуми.
           На видео објавено на социјалните медиуми се гледа како еден од хеликоптерите по судирот се запалил и паднал во шумско подрачје.
Според првичните неофицијални информации, двете лица од едниот хеликоптер се пренесени во болница а екипажот од вториот хеликоптер не преживеал. Двајцата пилоти биле романски државјани.

ПредходнаГужви на автопатите, но и сообраќајки со повредени
СледнаЕр тракторите денес не се активирани