Двајца малолетници од гостиварско се повредени откако еден од нив на возраст од 14 години возел четирицикл и излетале од патот.
Случајот е пријавен во полиција вчера во 22:06 часот од страна на Медицинскиот центар во Гостивар каде биле донесени двете повредени малолетници.
– Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека во с. Дебреше, во близина на основното училиште, четирицикл без регистарски таблички, управуван од 14-годишник од с. Чегране, а како сопатник бил 13- годишник од с. Дебреше, излетал од патот. Двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар, информира денеска МВР.




