
Еден од најпознатите британски актери Питер О’Тул, кој толкувал стотици различни ликови во британски и американски филмови, според официјалната биографија е роден на 2 август 1932 година во Лидс.
Меѓутоа, самиот О’Тул изјавил дека не е сигурен за своето точно место и време на раѓање и дека има изводи од матична книга на родени и од Ирска и од Англија. Затоа тој решил дека неговиот роденден ќе биде 2 август.
По завршувањето на образованието, работел како новинар и фотограф, а потоа да одлучи да студира драма.
Актерот вниманието на јавноста го привлекол глумејќи во шекспирови претстави во Бристол, а до крајот на 50-тите години на минатиот век станува еден од најбараните британски актер. Неговиот меѓународен успех дојде со први филмски улоги.
Во 1962 година, тој го играше Лоренс од Арабија во истоимениот филм и беше номиниран за Оскар, но не ја доби наградата. За Оскар беше номиниран уште седум пати: како кралот Хенри Втори во два различни филма („Бекет“ и „Лавот во зима“), за неговите улоги во „Збогум, г-дин Чипс“, „Владејачката класа“, „Каскадерот“, „Мојата омилена година“ и „Венера“. Тој го држи рекордот за актер кој бил номиниран за Оскар најмногу пати без да го освои, титула што ја држи заедно со Глен Клоуз. Сепак, тој беше награден со награда за животно дело во 2002 година.
Помладата генерација го памети по неговата улога како Август во филмот „Империум: Август“, како и по неговите телевизиски улоги. Тој глумеше во серијата „Казанова“, каде што го играше главниот лик во неговите постари години, додека Дејвид Тенант го играше младиот Казанова. Тенант мораше да носи сини леќи за време на снимањето за да личи повеќе на О’Тул. Тој е познат и по неговата улога како папата Павле Трети во „Тјудорите“, каде што играше почесна улога.
Познат по својот шарм, О’Тул стекна репутација на женкар, но е уште попознат по својата љубов кон алкохолот. Тој има изјавено дека најмногу уживал во пиењето со Ричард Бартон, неговиот колега со кого снимале неколку пати.
Својот последен филм го сними во 2012 година, по што го објави своето пензионирање. Почина следната година во Лондон на 82-годишна возраст. Остана запаметен како еден од иконските британски актери од втората половина на 20 век.




