дома Македонија Ер тракторите денес не се активирани

Ер тракторите денес не се активирани

Денеска немало потреба да се активираат ер тракторите за гаснење на пожарите. Имало 20-тина пожари од кои најголем дел се изгаснати, а останатите се очекува да бидат изгаснати во текот на денот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во попладневната изјава го издвојува пожарот во Струга кој бил видлив од подалеку и предизвикал вознемиреност кај граѓаните.
– Конкретно, имавме два пожари на отворен простор – едниот е целосно изгаснат, а вториот е ставен под целосна контрола. Очекувам набргу и тој да биде изгаснат, вели Ангелов.

ПредходнаСе судрија хеликопери при гаснење на пожар во Грција
СледнаОфицијално – двајца загинати и двајца преживеани во хеликоптерската несреќа во Грција