дома Локално Богородица, Дојран и Табановце преплавени од колони возила

Богородица, Дојран и Табановце преплавени од колони возила

Продолжениот викенд којшто завршува денеска направи дополнителен хаос на граничните премини. Најголема фреквенција на возила има на Богородица, Дојран и Табановце каде се бележат колиметарски колони.

Според последно објавените податоци од Авто мото сојузот на Македонија за состојбата на граничните премини од македонска страна, на Табановце за влез во државата се чека два часа, а за излез околу 30 минути.

На два гранични премини кон Грција – Богородица и Дојран се бележи гужва.

На Богородица за излез од државата се чека околу еден час, а исто толку време се чека и за влез, а на Дојран и за влез и излез од земјава се чека околу 30 минути.

 

ПредходнаМВР потврди – имало инцидент во Ташмаруништа, партиите со меѓусебни препукувања
СледнаТопиот бран и сушата предивикуваат проблеми во производството на струја