Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневни температури кои во некои места ќе достигнат до 40°C. За денеска попладне во планинските региони се најавува краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.




