Украинскиот претседател Володимир Володимир Зеленски донесе одлука за отповикување на амбасадорите на Украина во неколку држави, меѓу кои се Албанија, Хрватска и Црна Гора, според претседателските уредби објавени вчера.

Според објавените укази, кои беа пренесени од албанските медиуми, отповикан е Володимир Шкуров, кој ја извршуваше функцијата амбасадор во Албанија од април 2020 година, како и Васил Кирилич од амбасадорската позиција во Хрватска и Олех Херасименко од Црна Гора.
Во соопштенијата од кабинетот на украинскиот претседател не се наведени конкретните причини за овие кадровски ротации, а во моментов сѐ уште нема именувано нови амбасадори за овие дипломатски претставништва.
Како дел од пошироката дипломатска ротација, Зеленски со посебен указ го отповикал и амбасадорот на Украина во Пакистан, Маркијан Чучук.
Овие отповикувања доаѓаат во период кога се случуваат значајни промени во дипломатскиот состав, откако деновиве Зеленски ја разреши и амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина.
Само неколку дена по нејзиното разрешување, Врховниот суд за борба против корупцијата ја стави Стефанишина под истрага и одреди мерка со кауција од околу 134.000 американски долари, бидејќи таа е осомничена за нелегално богатење и лажно пријавување на имот.
По повод судската одлука, самата Стефанишина изјавила дека нема доволно финансиски средства да ја плати кауцијата што ја одреди судот




