дома Локално ЦУК со најнови детали: Гори во Могила и Долнени

ЦУК со најнови детали: Гори во Могила и Долнени

Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата заклучно до 13 часот.

Според попладневниот извештај од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментот два од пожарите се активни, два се ставени под контрола, додека три се целосно изгаснати.

Од активните жаришта, едниот пожар е во подрачјето на селото Могила, каде што гори ниска вегетација.

Вториот активен пожар е лоциран на територијата на општина Долнени, во регионот на селото Ропотово, каде што е опожарено стрниште.

Под контрола на пожарникарите е огнот на депонијата во општина Делчево.

Под контрола е ставен и пожарот во местото викано „Стојанова населба“, во подрачјето на селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гореле ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

Пожарите што беа регистрирани на територијата на општините Василево, Гостивар и Петровец се целосно изгаснати.

ПредходнаБожиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем
СледнаУХМР со најнова прогноза: Нестабилно со дожд и грмежи во Куманово, Струмица, Полог и на југот од земјава