Познатата српска пејачка Теа Таировиќ и нејзиниот сопруг Иван Вардај доживеале сообраќајна несреќа во Црна Гора. Несреќата се случила ноќта меѓу 4 и 5 август, јавуваат српските медиуми.

Сообраќајната несреќа се случила околу еден час по полноќ на кружниот тек на самиот влез во Будва. Таировиќ и нејзиниот сопруг поминале без тешки повреди, а поголема материјална штета има на нивното возило.




