Во Италија се појави една необична новина од светот на храната- поставен е првиот автомат за самопослужување за „arostici“ – традиционални раженчиња од овчо месо, еден од најпознатите симболи на гастрономијата на регионот Абруцо.

Идејата потекна од браќата Помпа од Сполторе, во покраината Пескара, сопственици на семејна месарница која го произведува овој специјалитет повеќе од половина век. Тие решија да ја прилагодат понудата за клиентите кои сакаат да ги добијат своите омилени производи во секое време, дури и доцна навечер.
Машината содржи пакетчиња од готови ражничи, колбаси, но и други традиционални специјалитети од Абруцо, како што се топчиња од сирење и јајца.
Купувачот го избира производот, плаќа директно на машината и веднаш ја зема амбалажата, која се чува на соодветна температура.
Новиот автомат покажува како традиционалната храна се прилагодува на современиот начин на живот: локален специјалитет кој некогаш се поврзуваше со семејните собири и летните вечери сега е достапен во секое време.




