Поранешниот тениски ас Борис Бекер ги почасти фановите со семејна фотографија на која позира со неговите синови. На фотографијата што ја објави на Инстаграм, Бекер позира на плажа со синовите – Ноа (32), Елијас (26) и Амадеус (16).

Педесет и осумгодишниот Бекер ги доби првите два сина во брак со Барбара, дизајнерка и модел, додека мајка на најмладиот Амадеус е холандската манекенка Лили Керсенберг.
На заедничкиот портрет, направен на плажа во Португалија, тие се појавија во „полн сјај“, покажувајќи ги своите затегнати мускули и извајани тела, а татко Бекер одлучи да позира со кошула.
Покрај тројцата синова, Бекер од третиот брак со Лилијан ја има и осуммесечната ќеркичка Зои.




