дома Локално Македонија во портокалова фаза, да не се излегува од 11 до 17...

Македонија во портокалова фаза, да не се излегува од 11 до 17 часот

Македонија денеска е во портокалова фаза, се најавуваат температури до 40 степени. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Во попладневните часови се најавува локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во северните делови од државата.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Топлото време ќе продолжи и следната недела.

Здравствените власти препорачуваат да се избегнува директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, да се носи светла и лесна облека, очила за сонце и капа или шешир,а при неопходен престој на отворен простор да се најде можност за почести одмори под сенка.

Дел од препораките се и да се појат доволно течности и да се избегнува конзумирање на масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер.

 

ПредходнаОвие намирници не се добар избор за вечера ако сакате мирен сон и лесно варење
СледнаПовеќе пожари во Истра и Далмација. Сите се под контрола