дома Локално Македонија под вршник, максимумот допрва доаѓа

Македонија под вршник, максимумот допрва доаѓа

Времето денеска ќе биде многу топло со услови за краткотраен пороен дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 24, а дневната од 32 до 40 степени.

Многу топло време со максимални температури се најавуваат и во следните денови.

Во Скопје, утринската температура ќе достигне до 22 степени, а максималната до 40 степени.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќта. Во четврток и петок се најавува пороен дожд и грмежи.

ПредходнаВучиќ: На почетокот сме на голема војна
СледнаРекордна топлина во Западна Европа. Јуни и јули никогаш не биле потопли