дома Македонија Кривична пријава од СДСМ за случајот Гостивар

Кривична пријава од СДСМ за случајот Гостивар

Опозициската СДСМ денеска за случајот со загадувањето во Гостивар поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и против директорот на Центарот за јавно здравје од Тетово, Шпенди Амети.
– Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто – здравјето на луѓето. Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори, изјави Јон Фрчковски пред Јавното обвинителство.

Кривичната пријава е поднесена за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции.
– Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар. Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето, посочи Фрчковски.

ПредходнаМетеоаларм: Утре портокалова фаза на цела држава