дома Македонија Економија Добра вест за возачите- поевтинуваат горивата

Добра вест за возачите- поевтинуваат горивата

По две недели скок на цената на горивата конечно Регулаторната комисија за енергетика со добра вест за возачите. Бензините од полноќ поевтинуваат за четири денари, а дизелот за осум денари.
        Се намалуваат и цените на Екстра лесното масло за домаќинство за 6 денари и на Мазутот за 2,881 денари за килограм.
Со ваквата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а Еуросупер Бс-98 по цена од 89 денари за литар. Цената на дизелот паѓа на 91,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство на 92,5 денари за литар.

ПредходнаКочанчанец украл накит од 70-годишна скопјанка
СледнаНајмалку 13 загинати при украински напад врз Русија