Кочанчанец на 18 години со физичка сила и одзел накит на 70-годишна скопјанка. Сторителот со иницијали Д.И. е приведен вчера.
– Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин по член 236 став 3 од Кривичниот законик, информира МВР.




