На граничните премини кон Србија и Грција има зголемена фреквенција на возила поради што времето на чекање е од 30 минути до еден час.
Според информациите на Авто мото сојузот на Македонија, на Табановце за влез се чека повеќе од 1 час, а за излез – 30 минути и исто толку се чека и на граничниот премин Пелинце.
На македонско – грчката граница Богородица за излез се чека половина час, а исто толку и за излез.
На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.




