Во моментот на терен се одвива интензивна интервенција за гаснење на шумскиот пожар во близина на селото Моране во општина Студеничани.
Ангажирани се и три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што, поради тешко пристапниот терен, интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична.
– Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел пожарот да се локализира и изгасне, како и да се заштитат жителите и нивниот имот, велат од Центарот за управување со кризи.




