
На социјалните мрежи се појави радарска слика на која е прикажан невообичаен полукружен вртложен модел снимен во реонот на северниот Јадран над териториите на Италија, Словенија и
Иако концентричните кругови на радарските слики се релативно честа појава, сепак вртлог со ваква форма е помалку познат феномен.
Феноменот се совпадна со дождливото време и локалните невремиња што вчера зафатија делови од Словенија, па необичниот вртлог предизвика интерес во јавноста.
Сепак, Словенечката агенција за животна средина (АРСО) објасни дека не станува збор за вистински метеоролошки феномен, туку за грешка во радарските податоци и дека моделот не претставува вистински врнежи.
„Тоа доаѓа од податоците за мерење од радарот Фосалон во Италија. Најверојатно е поврзано со мерењето или обработката на податоците“, објави АРСО, додавајќи дека точната причина за ваквата грешка не е позната.
hey, @meteoSI … ali mi lahko pojasnite tole:
Danes 11.8. ob 14:30. pic.twitter.com/0gy5zM1oo5— msedej (@msedej) August 11, 2026
АРСО понуди и општо објаснување за појавата на концентрични кругови на радарските слики истакнувајќи дека радарот ја скенира атмосферата со ротирачка антена и ги мери врнежите на различни висини. Потоа компјутерот ја извлекува највисоката снимена вредност од сите мерења и ја прикажува на мапа.
„Затоа она што го гледаме на сликата не се врнежи на земјата, туку некаде над неа“, појаснија од АРСО.
Лажниот приказ најчесто се јавува поради таканаречениот појас на топење. Имено, слоевитите врнежи на надморска височина каде што температурата на воздухот е нула степени Целизусови имаат зголемена радарска рефлексија, бидејќи снегот што паѓа почнува да се топи.
„Радарските зраци го сечат овој појас на топење под различни агли и на различни растојанија. Затоа, проекциите на земјата имаат облик на концентрични кругови“, се додава во објаснувањето.




