дома Македонија Гори кај Моране, интервенираат три ер трактори

Гори кај Моране, интервенираат три ер трактори

Во моментот на терен се одвива интензивна интервенција за гаснење на шумскиот пожар во близина на селото Моране во општина Студеничани.
Ангажирани се и три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што, поради тешко пристапниот терен, интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична.
– Екипите на терен дејствуваат во постојана координација со сите вклучени структури, со цел пожарот да се локализира и изгасне, како и да се заштитат жителите и нивниот имот, велат од Центарот за управување со кризи.

ПредходнаГерманско здружение ја тужи Мета поради паметните очила
СледнаЛага е!Нема ни загадена вода ни заболени од загадена вода во СКОПЈЕ