Многу топлото време ќе се задржи уште денес по што веќе од утре се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
За денес се очекува максималната температура да достигне до 40 степени особено во јужните делови од државата како што се Гевгелија и Демир Капија.

Од утре веќе со промената на времето се очекува да опаднат и дневните температури.
Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата постепено повторно ќе расте.




