дома Македонија Со гаранција од 500.000 евра укинат притворот на Илчо Ѓорѓиевски

Со гаранција од 500.000 евра укинат притворот на Илчо Ѓорѓиевски

Со гаранција од 508 илјади евра укинат му е притворот на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиевски. Одредени му се мерки на претпазливост односно одземена му е патната исправа и ќе мора да се јавува во суд.
– Одлуките се донесени по позитивно мислење дадено од Обвинителството, велат од Кривичниот суд.
Ѓорѓиевски беше уапсен во јуни годинава под сомнение за финансиски малверзации.

ПредходнаЕврејски доселеници со денови држат под опсада палестински село (ВИДЕО)
СледнаЕден загинат при експлозија во рафинерија во Ротердам