дома Македонија Груби седнува на обвинителна клупа но не за проневера туку за злоупотреба...

Груби седнува на обвинителна клупа но не за проневера туку за злоупотреба во службата

Поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“.
        Од Обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.
– Истрагата доведе до докази за друго дело. Јавниот обвинител не е обврзан со правната квалификација на поведената истрага или поднесената пријава. Обвинението се темели на доказите прибрани во текот на истрагата, велат од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека поднесува обвинение против Артан Груби и други лица и на сите обвинети им се става на товар кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4 в.в. став 1 в.в. член 22 од Кривичниот законик.
Предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска – Јовевски, а судењето е закажано за 24 август во 10 часот.
– Со оглед дека Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог, мерката притвор согласно со член 470 став 4 од Законот за кривична постапка може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесување на предлогот до завршување на главната расправа, односно најдолго 60 дена од денес, посочуваат од Кривичниот суд.

ПредходнаТрамп воведе царини за увоз на дронови до 100 отсто
СледнаГостиварци конечно добија вода за пиење