дома Македонија Цел Кризен штаб во Гостивар пиеше вода од чаша

Цел Кризен штаб во Гостивар пиеше вода од чаша

По примерот на скопскиот градоначалник кој пред медиумите испи чаша вода од чешма за да ги демантира информациите што беа објавени по социјалните мрежи, денеска и целиот Кризен штаб во Гостивар откако објави дека водата е дозволена за пиење, се напи чаша вода.
Директорот на АХВ Оливер Миланов на прес-конференција во Гостивар соопшти дека водата е микробиолошки и бактериолошки исправна за пиење.                                            Одлуката е донесена откако во три последователни примероци не се најдени бактерии.                                                           На гостиварци им се препорачува да ја истечат убаво водата пред да ја кинзумираат.     Тие речиси еден месец се без вода за пиење откако на 17 јули беше утврдено дека во водата има фекални бактерии. Затруени беа околу 5.000 граѓани, а Обвинителството покрена истрага против директорката на Комуналец Гостивар и уште две лица.

ПредходнаЛавров: Веруваме дека САД се вклучени во украинските напади врз Русија
СледнаСАД го задржаа предупредувањето за „второ ниво“ на опасност од тероризам во Германија