дома Македонија Спасени се куќите кај Богомила и Лознани, вчера тежок ден за македонските...

Спасени се куќите кај Богомила и Лознани, вчера тежок ден за македонските пожарникари

Тежок ден вчера имале пожарникарите во цела држава кои се бореле со огнот за да не дојде до куќите. Најкритично било кај Лознани и Богомила.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во денешната утринска изјава информираше дека огнот дошол до првите куќи во Богомила, но дека е спречена поголема катастрофа благодарение на пожрвтвуваноста на велешките пожарникари и месното население.
Најтешка била ситуацијата во Пелагонскиот регион каде постоела опасност за селата Ивањевци, Лознани и Новоселани.
– Доцна попладнето пристигнавме во селото Лозлани и она што го затекнавме беше застрашувачко. Огнот беше на само 50 метри од куќите и имаше зафатено висока сува трева и се движеше кон куќите. На лице место гаснеа пожарникарите, но борбата беше многу тешка, бидејќи линијата на огнот беше многу голема. Голем придонес во гаснењето даде локалното население, а беше ангажиран и тим за брзо распоредување, составен од 20 припадници на доброволното друштво Архангел од Битола, кои помогнаа во гаснење на преостанатите линии, изјави Ангелов.
Голем придонес во гаснењето на пожарот имал и млад тракторист кој направил обрач директно низ линијата на огнот со што го спречил ширењето на пожарот.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека до 07:30 часот регистрирани се вкупно 40 пожари на отворен простор од кои активни се шест пожари, а под контрола се три.

ПредходнаШпекулации за Евровизија 2027: Се бараат 25.000 евра од ноќ за стан во Бургас
СледнаРоби Вилијамс открива нова дијагноза: „Објаснува толку многу“