
Романските власти во рок од 24 часа пронајдоа остатоци од дронови на четири различни локации во земјата.
Првиот урнат дрон е пронајден во близина на Лункавита. Подоцна во текот на денот, остатоци од дрон се пронајдени и во селото Плауру. Лункавита и Плауру се наоѓаат во југоисточна Романија, на неколку километри од романската граница со Украина.
Остатоци од дрон беа пронајдени и на плажите покрај Црното Море. Прво делови од дрон беа откриени на плажата во одморалиштето Сатурн, каде што беше спроведена евакуација на туристите. Остатоци беа пронајдени и на плажата Костинести, околу 17 килемтри северно од Сатурн.
Во моментов остатоците се испитуваат. Сè уште не е објавено ништо во врска со потеклото на дроновите.
Според романското Министерство за одбрана, и покрај овие наоди, нема докази за „зголемен ризик“ за романското население. Нема ни информации повредени или за предизвикана материјална штета.
Инаку, делови од дронови беа пронајдени и на брегот на Црното Море во Бугарија.




