
Падот на дел од ракетата на SpaceX на Месечината на почетокот на месецов беше топ вест по медиумите. По ова се појавија фотографии од местото на падот пред и потоа, а на социјалните мрежи кружи спектакуларно видео за кое тврди дека го прикажува самиот пад. Сепак, според неколку експерти, тоа не е автентична снимка , туку анимација.
Дел од ракетата на вселенската компанија на Елон Маск, се урна во Месечината со брзина од 8.700 километри на час, откако предтходно година и половина лебдеше низ Вселената.
На социјалните мрежи се појавија импресивни слики кои наводно го покажуваат ударот, што ги пренесоа и голем број медиуми, а видеото од „падот“ на ТикТок веќе е прегледан повеќе од 700.000 пати.
Сепак, со помош на алатката Google Lens, која пребарува слики користејќи снимка од видеото за да провери каде на друго место се појавува записот, утврдено е дека тој е објавен на 12 март на страница Moon Watchers Club на Фејсбук. Таму има идентично видео, со мали прилагодувања. Сликата е одзумирана и целокупната нијанса на видеото е повеќе сина.
Во краткиот опис на страницата, пишува „инспирирано од реални настани“. Инспирирано од реални настани, сепак значи дека не ја претстава реалноста.
— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2026
Затоа е невозможно видео објавено на 12 март да го прикажува падот на ракетата на SpaceX на 4 август.
Постојат прилично заматени слики од пред и потоа од падот, направени од јужнокорејски сателит што орбитира околу Месечината, но е познато дека има видео снимки од самиот настан.Според експертите, сателитите што ја мапираат Месечината не снимаат слики со доволно голема брзина и острина за да можат да снимат видео што покажува брзо движење.
Неколку елементи во самото видео објавено на ТикТок, исто така, укажуваат дека снимата не е вистинско. Имено, вториот дел од ракетата „Фалкон 9“, долг приближно 14 метри, е премногу јасно видлив во видеото, а според експертите, тој е „толку мал“ и не може да се гледа толку јасно.
Се забележува и дека осветленоста на видеото е претерана, а и густиот облак од прашина што се гледа на снимката не одговара на реалноста, бидејќи тој е практично невидлив.
Инаку, видеото на Икс го објави и Маск, но по реакциите појасни дека снимките се лажни.




