дома Свет „Телеграф“: Русија изгради најмалку 10 тајни бази за дронови веројатно за идни...

„Телеграф“: Русија изгради најмалку 10 тајни бази за дронови веројатно за идни напади врз НАТО

Русија изградила најмалку 10 бази за дронови во близина на границата со Украина и Белорусија, наведува лондонскиот весник „Телеграф“, повикувјќи се на западните разузнавачки извори.

Според истите извори, овие нови воени бази им овозможуваат на дроновите да продрат длабоко на територијата на НАТО, па разузнавачите стравуваат дека Русија ја развила оваа инфраструктура не само за војната против Украина, туку и за можни идни напади врз земјите членки на Алијанста.

„Телеграф“ наведува дека сателитски снимки покажуваат оти базите биле изградени за помалку од една година и дека биле опремени со платформи за лансирање за руската варијанта на иранските беспилотни летала „Шахед“.

Тоа не се класични инсталации за лансирање ракети, туку долги шини со кои беспилотните летала со фиксни крила можат да се лансираат без конвенционална писта. Приближно 20 шини се извонредно долги и би биле соодветни за најновите руски беспилотни летала со долг дострел, посочува весникот.

Според истражувачите, сликите укажуваат на систематско проширување на инфраструктурата, вклучително и места за лансирање, објекти за поддршка и локации каде што може да се складираат и подготвуваат голем број дронови.

Некои од тие нови бази веќе биле користени во текот на изминатата година за напади со дронови врз Украина.

„Со поместување на местата за лансирање поблиску до украинската граница, руските единици можат истовремено да испраќаат големи групи дронови кон Украина. Седум од десетте идентификувани локации наводно веќе биле користени во неодамнешните руски напади, вклучително и врз Киев“, наведува „Телеграф“.

Според експертите, руските дронови Геран-4 и Геран-5 имаат домет од приближно 1.000 километри и можат да носат експлозив до 90 килограми. Со дострел од приближно 1.000 километри, руските деонови би можеле да вршат напади врз, балтичките држави и делови од Финска, Романија и Полска, меѓу кои и реонот на Варшава.

Извршниот директор и основач на истражувачката агенција ДронСек, Мајк Моник, Кремљ ја „проширил“ својата мрежа на дронови првенствено за напади врз Украина, но може да претставува и закана за земјите членки на НАТО.

„Проширувањето на местата за лансирање покажува дека Русија може да распореди сè повеќе дронови, додека новата технологија исто така ги отежнува нивните пресретнувања. Како резултат на тоа, Русија може да распореди повеќе дронови, а за Украина станува сè потешко да ги елиминира во воздух“, вели Моник за „Телеграф“.

Официјален претставник на НАТО изјави дека алијансата „е подготвена да ја брани секоја педа од територијата на сојузниците“ и дополнително ќе ја зголеми подготвеноста за „одвраќање и спротивставување на секоја закана, вклучително и онаа од беспилотни летала“.

 

ПредходнаПожар во прилепско Чаниште, зафатени стари напуштени куќи