Градот Скопје продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје.
Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци, бележи Независен.
Сите активности се спроведуваат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, одобрен од надлежните здравствени власти.
Дезинсекција против ларви:
- 7 мај – авионска дезинсекција
- 11 јуни – авионска дезинсекција
- 26 јуни – теренска дезинсекција
- 10 јули – авионска дезинсекција
- 23 јули – теренска дезинсекција
- 11 август – теренска дезинсекција
Дезинсекција против возрасни форми на комарци:
- 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција
- 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција
- 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција
- 13 и 15 јули – теренска дезинсекција
- 30 и 31 јули – авионска дезинсекција
- 4 и 6 август – теренска дезинсекција
До крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции против комарци, со што се обезбедува континуирано спроведување на мерките согласно однапред утврдена динамика.
Градот Скопје продолжува навремено и системски да работи на намалување на бројноста на комарците и на заштита на колективното здравје и благосостојбата на граѓаните.
Сепак, покрај дезинсекциите, годинава Скопје има 35 потврдени пациенти заболени со западнонилска треска, од кои шестмина се критично, а тројца почнаа. Вирусот го добиле на територија на Македонија, затоа што било утврдено дека пациентите не патувале надвор од државата.




