Синоќа колони автомобили на бензиските .Сите точат пред големото поскапување по полноќ. Очигледно е дека секој денар му е значаен на граѓанинот. Зголемениот интерес за точење гориво доаѓа по информациите за сериозно покачување на цените, поради што дел од возачите одлучија да наполнат гориво по старата цена.
Регулаторната комисија за енергетика на Република ги објави новите цени на горивата кои повторно отидоа нанагоре. И тоа значително – цената на бензините се искачи за 4,50 а на дизелот за 6,50 денари. Така според новиот тарифник за литар Еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 91,50, за литар Еуросупер БС-98 по 93,50 а за литар Еуродизел Д-Е V по 98 денари. Или во проценти изразено во просек за 4,85% во однос на досегашните малопродажни цени на нафтените деривати. Ваква одлука регулаторната комисија за енергетика има донесено заради поскапувањето на референтните цени на светскиот пазар кај бензините за 8,983% и кај дизелот за 10,979 отсто додека курсот на денарот во однос на доларот се намали за 0,2247%. Во пресметките се влезени и намалените акцизи за 2 денари кај бензините и 4 кај дизелот.






