дома Македонија Црна хроника МВР потврди, затрупани тројца работници во ископ за зграда во Скопје

МВР потврди, затрупани тројца работници во ископ за зграда во Скопје

Тешка несреќа се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ и подготовка на терен за изградба на нова станбена зграда, градежен материјал затрупа повеќе работници .

МВР ја потврди информацијата ;

Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице.

Трагедија во Кисела Вода: РАботници затрупани во ископ за нова зграда

ПредходнаОпределен 30 дневен притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини
СледнаТројца повредени работници пренесени на Клинички, двајца се со полесни повреди