Претседателката Гордана Сиљановска Давкова телефонски разговарала со Румен Радев кој победи на изборите во Бугарија. Очекува од него пријателски и конструктивен однос и да имаат средба.
Му честитав, му пратив порака. А потем и ми се јави. Разговаравме. Му посакав успех, изразив уверување дека штом доби вака високо мнозинство тоа е гаранција за стабилност, дека веројатно бугарскиот народ, бугарските граѓани во него препознаа стабилен елемент на државата и нацијата, дека веројатно ќе може лесно да формира влада и да ја оствари својата програма, изјави денеска Сиљановска-Давкова.
На изборите во Бугарија победи коалицијата Прогресивна Бугарија предводена од поранешниот бугарски претседател Румен Радев која сови 44.69 проценти од гласовите.




